Дете пронајдено живо во болничка мртовечница, лекар го испратил таму! Полицајците му рекле дека покажува знаци на живот – „Вие работете си ја вашата работа, јас со причина завршив медицина“

Точка

10/07/2026

20:06

446

Големина на фонт

а а а

Лекар во болница во САД прогласил за мртво 18-месечно дете, кое подоцна било пронајдено живо во болничката мртовечница, откако полицајците претходно предупредиле дека малото дете сè уште покажува знаци на живот.

18-месечно дете од Аризона, кое по извлекувањето од базен било прогласено за мртво, подоцна било пронајдено живо во болничката мртовечница, покажува неодамна објавениот полициски извештај.

Семејството на 8 февруари во паника повикало полиција откако момчето било пронајдено со лицето надолу во базенот на семејната куќа во Гилберт, предградие на Феникс.

Набргу на местото пристигнала Итната медицинска помош, која веднаш започнала со реанимација, по што детето било пренесено во болница.

Околу еден час подоцна, лекарите го прогласиле за починато.

Сепак, според полицискиот извештај, полицајците му кажале на дежурниот лекар Аријан Туси дека кај детето забележале знаци на живот.

Лекарот им одговорил:

„Вие работете си ја вашата работа, а јас ќе си ја работам мојата“, стои во извештајот.

Според полицискиот извештај, доктор Аријан Туси, на предупредувањето од полицајците дека детето покажува знаци на живот, одговорил:

„Со причина завршив медицински факултет.“

Семејството го следело финалето на „Super Bowl“

Семејството тој ден било собрано за да го следи финалето на „Super Bowl“, шампионатот во американски фудбал, кога било пријавено дека детето се удавило во базенот на семејната куќа.

„Доколку нема забелешки, би сакал да го прогласам времето на смртта“

Полицијата од Гилберт пристигнала на адресата околу 17:30 часот по локално време, а детето потоа било пренесено во болницата „Mercy Gilbert“, каде што во 18:20 часот било прогласено за мртво.

„Доколку нема забелешки, би сакал да го прогласам времето на смртта“, рекол доктор Туси, според снимките од камерите што ги носеле полицајците на униформите.

„Време на смрт: 18:20 часот. Минута молк“, додал лекарот.

Но, пет часа подоцна, службеник од канцеларијата на судскиот вештак на округот Марикопа, кој дошол да го преземе телото, утврдил дека детето сè уште дише, се наведува во полицискиот извештај.

Момчето итно било префрлено со хеликоптер во друга болница, каде што успешно заздравило, а во меѓувреме било пуштено на домашно лекување.

Медицинската документација не е приложена кон полицискиот извештај, па сè уште не е целосно јасно како дошло до тоа детето да биде прогласено за мртво.

Адвокатот на лекарот, Скот Холден, изјавил за „BBC“ дека:

„Од почит кон семејството и поради заштитата на доверливоста на податоците за пациентот, во овој момент нема да даваме изјави.“


Во домот на родителите почувствуван силен мирис на марихуана

Полицијата препорачала да бидат поднесени кривични пријави против родителите поради сомнение за занемарување на дете.

Истражителите во куќата почувствувале силен мирис на марихуана, поради што сметаат дека детето можело без надзор да се приближи до базенот.

Канцеларијата на обвинителот на округот Марикопа сè уште нема донесено одлука дали против родителите ќе биде поднесено обвинение.

Од болницата соопштија дека целосно го истражиле случајот за да утврдат што точно се случило и да го подобрат начинот на пружање здравствена заштита.