Кристијано Роналдо повторно привлече огромно внимание со објава на социјалните мрежи. Славниот фудбалер сподели фотографија од својата импресивна, луксузно уредена гаража со краток и заводлив опис „моите играчки“.
На фотографијата на која опуштено позира седејќи на хаубата на црвено Ферари, во заднина може да се видат врвните примери од автомобилската индустрија, кои заедно вредат мало богатство.
Познато е дека Роналдо е страстен колекционер на брзи четирицикли и редовен, ВИП клиент на ексклузивни возила на Бугати. Во неговата гаража веќе има култни модели како што се Вејрон, Шион, како и престижниот Ла Војтур Ноар.
Посебно место меѓу нив зазема моќниот Бугати Чентодиечи, ѕвер со дури 1.600 коњски сили кој достигнува брзина од 0 до 100 километри на час за неверојатни 2,4 секунди. Иако неговата колекција е полна со фантастични машини, овој ултра редок модел веројатно ги засенува сите со својата моќ и цена.
Веднаш до францускиот гигант, гаражата на Роналдо нуди импресивна мешавина од врвен италијански дизајн и британски луксуз. Славниот Португалец поседува Ферари Ф430, брутален Ламборгини Авентадор и Масерати Гранкабрио, кои гарантираат врвно спортско искуство на патот.
Еднo од неговите исклучително вредни купувања е Мекларен Сена, ексклузивен автомобил за кој платил дури 750.000 фунти во јули. Кога станува збор за удобност и престиж, тој ги има на располагање елегантниот кабриолет Бентли Континентал ГТЦ и неприкосновениот Ролс-Ројс Фантом.
Меѓу сите овие суперавтомобили, едно возило носи посебна приказна. Станува збор за моќен Мерцедес Г-класа Брабус СУВ вреден околу 300.000 фунти.
Овој автомобил беше роденденско изненадување што му го подари неговата девојка Георгина Родригез за неговиот 35-ти роденден.
Погледот во гаражата на Роналдо уште еднаш потврдува дека за него автомобилите не се само средство за превоз, туку голема страст и хоби во кое ужива.