Елијас Бекер, синот на тениската легенда Борис Бекер го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Имено овој 26 годишен манекен и инфлуенсер објави фотографии од одморот на кои ја покажа својата импресивна физичка форма, а неговите следбенички не штедеа на комплименти.
Елијас на Инстаграм сподели низа фотографии направени покрај море. На нив, тој позира покрај камен ѕид, а во описот накратко напиша: „Повикување на сирените“.
Неговото извајано тело, исончаниот тен и изразени стомачни мускули беа во преден план. Бекер има повеќе од 200 илјади следбеници на Инстаграм, со кои редовно споделува моменти од приватниот живот, патувањата и деловните ангажмани.
Објавата брзо собра бројни реакции, а коментарите се преполни со комплименти. „Совршен си“, „Какво тело“, „Многу убав маж“, „Толку згоден, а тие очи … воодушевувачки“, се само дел од пораките што ги оставија неговите следбенички.

За изгледот на Елијас се пишуваше и претходно. Во 2021 година, списанието „Татлер“ го рангираше на четвртото место на листата на најпосакувани мажи во Велика Британија.
На прашањето на што се должи таквата титула, тој одговори со смеа: „Сигурно се работи за мојата харизма“.
Елијас е син на Борис Бекер и неговата поранешна сопруга, дизајнерката и актерка Барбара Бекер. Парот се разведе во 2001 година, а Елијас и неговиот постар брат Ноа пораснаа со нивната мајка.
Иако низ годините се пишуваше дека Борис не бил секогаш присутен во нивните животи, Елијас во интервјуата инсистираше дека имал „добро и среќно детство“.

За разлика од неговиот татко, кој остави трага во светот на тенисот, Елијас не се решил за спортска кариера. Им се посвети на манекенството, уметноста и музиката. Во текот на својата кариера, соработуваше со модни куќи како што се Долче и Габана, Ветементс и Ралф Лорен, а се обиде и во глумата и диџејството, што, според него е една од неговите најголеми страсти.
Борис Бекер сега е татко на пет деца. Покрај Елијас и Ноа, кои ги доби со Барбара Бекер, тој има и ќерка, Ана, која ја доби со Ангела Ермакова и син, Амадеус, со поранешната сопруга Лили Керсенберг. Минатиот ноември, денот пред неговиот 58-ми роденден, тој и неговата сопруга Лилијан де Карваљо добија ќерка.