Актерка од „Хари Потер“ откри: „На Онлифенс заработив повеќе отколку во целата моја актерска кариера“

Супермен

10/08/2026

17:29

552

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Џеси Кејв, најпозната по улогата на Лавендер Браун во последните три филма за „Хари Потер“, откри дека за една година на Онлифенс заработила повеќе отколку во текот на целата своја актерска кариера.

На платформата Онлифенс ѝ се приклучила пред повеќе од година и пол, во период кога се соочувала со финансиски проблеми и недостиг од актерски ангажмани.

Во интервју за „Тајмс“, 39-годишната актерка откри дека за само еден ден заработила дури 15.000 фунти (околу 17.300 евра). Месечната претплата ја наплаќа шест долари (околу 5 евра), а дополнително заработува преку приватни пораки, кои се наплаќаат одделно.


„Заработив повеќе и тоа значително повеќе, отколку што сум заработила за една година во текот на целата моја актерска кариера“, истакна Кејв.

На почетокот планирала да ја користи платформата само неколку месеци. Нејзината цел била да заработи околу 5.000 фунти (околу 5.800 евра), што би ѝ овозможило извесно време финансиски да здивне и да одлучи што понатаму.

„Но, сега помина повеќе од година и пол и тоа буквално ни го спаси животот“, рече таа.

„Едноставно немавме пари“

Кејв призна дека пред да го отвори профилот била очајна бидејќи не добивала покани за аудиции ниту нови улоги. Класичните работни места, како што објасни, не биле реална опција за неа, пред сè поради трошоците за згрижување на четирите деца што ги има со долгогодишниот партнер Алфи Браун.

„Не можам, на пример, да работам во супермаркет бидејќи не можам да си дозволам да плаќам за чување на децата. Освен тоа, не сакам луѓето да ми дофрлаат магии од ’Хари Потер‘ додека работам во ’Теско‘“, објасни таа.


Размислувала и за целосна промена на кариерата, но немала доволно пари за преквалификација.

„Доживеав слом и мислев дека со глумата е готово, дека се откажувам. Но, едноставно немавме пари“, раскажа таа.

Меѓутоа, Кејв на својот профил не објавува експлицитна содржина, а понекогаш се појавува облечена како Лавендер Браун. Фокусот на нејзината содржина е на косата, односно на многу специфична публика која ја привлекува фетишот кон коса. Таа нагласи дека на снимките и фотографиите е целосно облечена.


„Моето правило е дека косата е главниот лик. Буквално сè се врти околу косата, нејзината текстура и фетишот. Тоа е многу, многу специфична ниша“, објасни таа.

Освен финансиска сигурност, Кејв рече дека ова искуство ѝ донело и неочекувана самодоверба. Со години, како што тврди, се чувствувала невидливо, особено откако родила четири деца, па вниманието што почнала да го добива ѝ годело.


„Долго време бев само некоја ексцентрична личност. Откако родив четири деца и толку долго се чувствував невидливо, тоа внимание ми стана многу привлечно“, заклучи актерката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk