Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар

Макфакс

16/08/2026

17:20

191

Големина на фонт

а а а

Дваесетгодишен маж од Скопје е приведен поради обид за разбојништво со остар предмет во спортска обложувалница на Бит Пазар. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар.

На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера да одземе пари.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 20-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.