„Ако кокаинот е дрога, јас сум наркоман“: Ова се спортистите кои паднаа на тестот за озлогласениот бел прав

Супермен

20/08/2026

13:36

1.245

Големина на фонт

а а а

Ник Кирјос е само еден во низата професионални спортисти кои си дале себеси оддишка и направиле кобна грешка.

Ник Кирјос падна на допинг-тест за кокаин, гласеше веста која беше потресна за тенисот и спортот воопшто. Австралиецот поради тоа беше суспендиран, а можно е оваа грешка, која ја призна, да му стави крај на кариерата, имајќи ги предвид неговите години.


На овој начин Кирјос стана само еден во низата професионални спортисти кои си дале себеси оддишка и направиле кобна грешка, па целосно потпаднале под изреката: „Ако кокаинот е дрога, тогаш јас сум наркоман“. Ова е позната и шокантна изјава која му се припишува на аргентинскиот фудбалер, напаѓачот Клаудио Каниџа, кој беше познат по прекарот „Син на ветрот“.


Токму Каниџа, еден од најшармантните и највпечатливи фудбалери кои Аргентина ги изнедри кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те, падна на допинг-тест за кокаин во 1993 година и беше суспендиран на 13 месеци.

Диего Армандо Марадона беше икона на светскиот фудбал и најважниот играч на аргентинската репрезентација. Неговата кариера, одбележана со магични потези на фудбалските терени, страст и легендарни настапи, беше спој на генијалност, но и контроверзии. Големиот Марадона имал големи проблеми со зависноста.

Во март 1991 година, по натпреварот меѓу Наполи и Бари, бил спроведен допинг-контролен тест и било откриено присуство на кокаин во неговиот телесен примерок. Поради присуството на оваа супстанца, му било забрането да се занимава со професионален фудбал во период од 15 месеци.


Марадона, и по завршувањето на кариерата, па и до неговата смрт, го следеа гласини дека и понатаму е зависник од кокаин.

Покрај овие двајца, познат е и случајот со Адријан Муту кој привлече внимание по позитивниот тест за кокаин додека играше за Челси во 2005 година, што резултираше со негово моментално отпуштање од клубот, а потоа и 7-месечна суспензија.


Хавиер Сотомајор, кубански атлетичар во дисциплината скок во височина и голем шампион, бил позитивен на кокаин на Панамериканските игри во 1999 година, што резултирало со двегодишна суспензија, која подоцна била намалена на една година. Потоа, непосредно пред крајот на кариерата, во 2002 година, бил позитивен на допинг-тест за анаболичкиот стероид нандролон.


Во тенисот имавме двајца познати спортисти кои беа позитивни на допинг-тест за кокаин. Првиот беше Ришар Гаске, кој на почетокот на 2009 година беше тестиран и беше позитивен на кокаин, кој бил присутен во траги во неговиот примерок од урина. ИТФ и ВАДА побараа двегодишна забрана поради ова прекршување на антидопинг-правилата, но во жалбената постапка пред ЦАС било утврдено дека консумирањето било ненамерно, односно дека спортистот ја внел супстанцата по бакнеж со девојка во ноќен клуб. Тој доби само шестнеделна суспензија.


Мартина Хингис беше тестирана во 2007 година и беше позитивна на кокаин. Спортистката негирала дека користела кокаин и сметала дека станувало збор за некаков вид контаминација. Во жалбената постапка ЦАС не го прифатил нејзиното оправдување и ѝ изрече максимална двегодишна суспензија. По изречената казна, на 27-годишна возраст, таа ја прекина спортската кариера.


Од кога е кокаинот забранет и како функционира?

Кокаинот се наоѓа на Листата на забранети супстанци и методи на Светската антидопинг-агенција (ВАДА), во групата стимуланси, од 1 јануари 2003 година. Како супстанца од групата стимуланси, го подобрува физичкото и менталното функционирање, го потиснува чувството на замор и на тој начин влијае врз подобрувањето на спортските перформанси. 

Постојат голем број штетни последици од употребата на кокаин. Тој предизвикува зависност, а може да се појават несоница, дехидратација, проблеми со рамнотежата, оштетување на видот, раздразливост, депресија, халуцинации, анксиозност, конвулзии, циркулаторен колапс и тахикардија.

Постои и зголемен ризик од појава на срцева аритмија, доаѓа до зголемување на крвниот притисок и може да настане срцев и мозочен удар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk