Џон Стамос, познат по улогата на вујкото Џеси во серијата „Полна куќа“, го одбележа својот 63-ти роденден со необична објава на Инстаграм која привлече големо внимание.
Тој сподели црно-бело селфи од бањата на кое позирал без облека, додека лицето го покрил со мобилниот телефон, а кадарот е намерно поставен така што не ги открива интимните делови од телото.
Покрај фотографијата кратко напишал „63“, а објавата веднаш предизвика бројни реакции од обожавателите. Многумина се потсетија на неговата позната реплика „Have mercy!“ („Имај милост!“) од серијата.

Актерот повеќепати отворено зборувал за стареењето. „Стареам, иако не се чувствувам така. Се грижам за себе“, изјавил тој во едно интервју. Стамос како клучна промена во својот живот го истакнал откажувањето од алкохолот. Минатата година одбележал десет години откако не пие и на таа одлука ѝ припишува низа позитивни промени.

„Престанав да пијам пред десет години. Затоа сум жив. Никогаш немаше да ја запознаам сопругата доколку продолжев да пијам“, признал тој. Покрај тоа, открил дека вежба три до четири пати неделно и се грижи да има квалитетен сон.
Стамос од 2018 година е во брак со актерката и манекенка Кејтлин Мекхју. Истата година го добија синот Били. Актерот често истакнува дека бракот и татковството целосно му го промениле животот и дека токму семејството го одржува млад.

Иако со децении важи за еден од холивудските заводници, Стамос во минатото се борел со несигурности поврзани со својот изглед. Неодамна повторно зборувал за операциите на носот, кој го скршил уште како дете. За корекција се одлучил откако добил улога во серијата „Општа болница“ („General Hospital“).
За своите несигурности пишувал и во мемоарите „If You Would Have Told Me“, објавени во 2023 година. Актерот признал дека во еден период бил толку опседнат со изгледот на својот нос што тоа му го одвлекувало вниманието од глумата.