[ВИДЕО/ФОТО] Скандал во Хрватска: Оженет политичар снимен како страсно се бакнува со помлада колешка на шанк во кафуле

Точка

21/08/2026

14:30

1.659

Големина на фонт

а а а

Во центарот на вниманието на хрватската политичка сцена денес е личко-сењскиот жупан Ернест Петри, и тоа откако беа објавени снимки на кои се гледа како бакнува помлада црнокоса жена во еден угостителски објект.

Како што пишуваат хрватските медиуми, неговата партија ХДЗ очекува тој да поднесе оставка од функцијата шеф на личкиот ХДЗ, а во следната фаза, можно е и од функцијата жупан.


Откако фотографиите и снимките беа објавени во јавноста, тој даде краток коментар.

„Му стојам на располагање на ХДЗ, како што ќе одлучи партијата, така и ќе биде. Јас сум ѝ на располагање на партијата и се ставам во нејзина служба 24 часа дневно. За тоа ќе разговараме денес“, изјави Петри, кој инаку е оженет и има две деца.

За самиот настан тој рече:

„Тоа е мој приватен живот. Ќе ѝ се обратам на партијата доколку постои проблем, за да бидам на располагање. Во државата постојат многу поголеми проблеми од мојот бакнеж“.


Спорните фотографии и снимки се направени вечерта пред вонредната седница на Хрватскиот парламент посветена на еколошката катастрофа во Госпиќ. На нив Петри во повеќе наврати бакнува помлада црнокоса жена, за која медиумите пишуваат дека е вработена во жупанијата и која е позната и по инцидентот во Новалја во април годинава, кога фрлила пепелник кон Петри.


Полицијата тогаш интервенирала по конфликт во еден ресторан кој сè уште не бил отворен. Според тогашните информации, жената била во алкохолизирана состојба, додека кај Петри било измерено повеќе од еден промил алкохол во крвта.