Колосеумот повеќе не е безбедна туристичка зона: Дел од Рим прогласен за „црвена зона“

Точка

29/08/2026

17:34

1.462

Големина на фонт

а а а

Подрачјето околу Колосеумот е прогласено за црвена зона поради безбедноста на луѓето и порастот на уличниот криминал во центарот на Рим.

По неколку насилни инциденти и вонредни полициски контроли во последните недели, подрачјето околу Колосеумот, Римскиот форум и Коле Опио официјално стана „црвена зона“ во италијанската престолнина, пренесе АНСА.

Одлуката стапи во сила на 24 август и ќе важи четири месеци, а нејзината цел е зајакнување на безбедноста во одредени области кои се соочуваат со деградација и криминал.


Во уредбата, римскиот префект Ламберто Џанини го истакнува постоењето на подрачја погодени од предаторски криминал и трговија со дрога.

„Овие дела првенствено ги извршуваат групи млади лица со потекло од земји надвор од ЕУ“, се наведува во уредбата, при што се додава дека еден од факторите што придонесуваат за ваквите инциденти е отворањето на метро-станицата „Рома Колосео“ на линијата Ц, која го поврзува историскиот центар со источниот дел на Рим.


Како кулминација на инцидентите е опишан настанот од 1 јули годинава, кога за време на нелегална забава на плоштадот кај Колосеумот, група од околу 50 лица кои не се државјани на ЕУ им пружила отпор и ги опколила локалните полицајци, при што полесно повредила двајца карабинери.

Истовремено, проширена е црвената зона околу станицата Термини.