Фабрегас по мечот за историја за Комо: Се знае која е нашата главна цел…

Дерби

11/09/2026

11:36

326

Големина на фонт

а а а

Калчолигашот Комо дебитираше во Лигата на шампионите и тоа на фанстатичен начин со убедлив триумф над РБ Лајпциг, тим кој е редовен учесник на оваа сцена.

Победата од 4-1 донесе многу радост, нова енергија, но тренерот Сеск Фабрегас не сака еуфорија и испрати јасна порака дека мора веќе да се размислува за наредниот предизвик, а тоа се обврските во Серија А.

- Среќен сум, но ќе трае само пет минути, бидејќи потоа треба да се подготвиме против Парма во понеделник, а ни треба истата енергија како вечерва. Очигледно, разбирам дека е историска ноќ за градот и клубот, тоа е подарок што го заслуживме за неверојатната работа што ја завршивме минатата сезона, но Серија А останува најважната цел. На крајот на краиштата, таа е она што ви овозможува да се вратите во Лигата на шампионите.

- Ние сме млад тим, енергијата од Лигата на шампионите ни дава поттик, но би бил навистина лут ако потоа не дадеме сè од себе во Серија А. Мора да бидеме скромни и да можеме да настапуваме на секои три дена, ќе биде многу тешка сезона и мора да го одржиме вистинскиот менталитет, -истакна Фабрегас кој очекува од тимот и играчите да напредуваат, растат како што ќе одминува времето.

- Мислам дека сè уште сме во процес на работа, бидејќи имаме толку многу нови играчи како Каики и Кeн кои штотуку пристигнаа и сè уште се малку изгубени во некои од нашите движења. Треба да ги средиме работите, особено кога се браниме, верувам дека имаше девет нови играчи и ќе биде потребно време за да ги доведеме сите во врвна форма.

- Мора да запомниме дека минатата сезона бевме без Диао девет месеци поради повреда. Некој со неговиот потенцијал секогаш ви дава можност. Луѓето велат дека плативме многу за некои од овие играчи, но тоа зависи, тие имаат потенцијал и се многу млади, многу од нив ќе се подобруваат секоја година. Потребно е трпение, а тоа го нема многу во фудбалот“, заклучи Фабрегас.

Нареден ривал за Комо во ЛШ е холандски Феенорд.