Тотенхем требаше да биде едно од сериозните освежувања во Премиер лигата во оваа сезона, клуб кој во летниот преоден рок направи големи инвестиции, потроши огромна сума на пари и очекувањата беа дека „петлите“ ќе бидат конкурентни за врвот и ќе можат да ги нападнат позициите кои водат во Лигата на шампионите или во најмала рака Лига Европа.
Меѓутоа тимот од Лондон има кошмарен старт, два освоени бода на четири натпревари и нути еден постигнат гол со што е испишан негативен клупски рекорд или поточно на Тотенхем никогаш не му се случило да има ваков лигашки старт во историјата, да биде без „муниција“.
Ама и во оваа ситуација тренерот Роберто Де Ѕерби се обидува да пронајде нешто позитивно, да се одбрани и фокусот го стави на „чистата мрежа“ на двата последни меча против Евертон и Нотингем Форест.
- На пример, во Италија, јас треба да бидам најдобриот тренер, нели? Два натпревари, два натпревари без примен гол. Што би напишала „Газета дело Спорт“? Два натпревари без примен гол. Што ќе напишеш утре – без примен гол или без голови? Кажи ми што всушност сакаш да напишеш, - истакна Италијанецот.








