Екипата на Јувентус го претрпе првиот сезонски пораз во Серија А и тоа во дуелот со Сасуоло, луда пресметка со пет гола, сите во второто полувреме од кои два во судиското продолжение меѓу кои и оној победничкиот на Василије Аџиќ во 94 минута.
„Старата дама“ двапати се враќаше, ама на крајот тргна и по целиот плен по што остана со празни раце. Голманот Гуљелмо Викарио беше бесен на соиграчите поради начинот на кој беа примени головите.
- Постои голема горчина, бидејќи ја разбирам желбата да одиме и да ја добиеме играта, бидејќи ние сме Јувентус и наша обврска е секогаш да се стремиме кон победа, но ја изгубивме рамнотежата и цела недела зборувавме за ова.
- Јувентус не може да прими два вакви гола. Ова е клуб со славна историја и не можеме да дозволиме такви голови. Треба да бидеме посмирени и избалансирани, бидејќи имаме тим полн со квалитет и ќе можеме да создадеме шанси, - истакна Викарио кој смета дека не смеа да се бара изговор и покрај проблемите со повредени играчи меѓу кои и капитенот Мануел Локатели.
- Секако, тој е фундаментален играч за нас, но не можеме да се криеме зад овие алибија. Тажни сме што го губиме Мануел, но тоа е долгорочна повреда, а имаме квалитетни играчи во тимот. Не можеме само постојано да бараме изговори, - заклучи голманот.








