Скандалозни закани: Израел ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот за убиствата во Газа?

Точка

14/09/2026

17:15

723

Големина на фонт

а а а

Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, најави дека ќе започне постапка за одземање на израелското државјанство на режисерите Јувал Абрахам и Рејчел Сор.

Оваа одлука доаѓа откако нивниот документарен филм „НАЗА“ за војната во Газа ја освои Специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, по што тој ги обвини за „предавство на државата“.


Зохар во објава на социјалната мрежа Икс оцени дека наградата за филмот е „шокантна“, а документарецот го нарече „гнасен“, обвинувајќи ги авторите дека му нанесуваат штета на Израел за да добијат пофалби во странство и оценувајќи дека нивните постапки претставуваат „предавство на државата“, наведува весникот „Хаарец“.

„Како министер за култура, веднаш ќе преземам мерки за одземање на израелското државјанство на овие презрени автори поради предавство на државата“, напиша Зохар.


Според официјалниот опис на Филмскиот фестивал во Венеција, филмот „НАЗА“ се занимава со системите кои, како што се наведува, стојат зад „планските масовни убиства“ на палестинските цивили во Појасот Газа и содржи сведоштва на припадници на израелското воено разузнавање и војници.

Абрахам изјави дека припадници на израелското разузнавање му објасниле дека масовните убиства во Газа не биле „случајни, туку плански спроведени“.

Во филмот се прикажани сведоштва на 24 свиркачи за нивната улога во надгледувањето и извршувањето смртоносни напади од далечина во Газа, која е под израелска блокада.


Филмот премиерно беше прикажан во четвртокот, а во саботата ја освои Специјалната награда на жирито.

По премиерата во Венеција, публиката го награди филмот со овации кои траеја околу 25 минути.