Со дуелот меѓу Лидс Јунајтед и Њукасл кој заврши со убедлив триумф на домаќините од 4-1 беше заокружено четвртото коло во Премиер лигата.
И понатаму имаме две екипи со 100 процентен учинок, Арсенал и Манчестер Сити, а интересно е што на третото и четвртото место се Лидс и Хал што значи дека во овој момент имаат позиции кои водат во Лигата на шампионите што е големо изненадување.
Сепак има уште многу да се игра, преостануваат уште 34. рунди и има можност доста работи да се променат, но во меѓувреме некогашниот напаѓач Трој Дини како стручен аналитичар за „Би-Би-Си“ одново го состави, селектираше тимот на неделата во ПЛ.
Како највучни имиња ги имаме Донарума и Енцо Фернандез, најистурен во нападот е Калверт Луин.
За тренер го избра Енцо Мареска.









