Нови ветришта во италијанскиот фудбал: Четириесет натпревари без 0-0 во Серија А и Серија Б

Дерби

15/09/2026

11:14

160

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбал знае да понуди тврди, затворени натпревари, натпревари без голови каде одбраната е главен фокус, но почетокот на оваа сезона нови една поинква слика што е најава за нови ветришта во најважниот спорт во оваа земја.

Имено по првите четири коло во Серија А и Серија Б ниту еден натпревар не заврши без голови (0-0), поточно е испишана историја затоа што досега ова никогаш не се случило.

Се направија доста промени кои дефинитивно влијаат калчото да биде позабавно, поточно главно имаме различен пристап на судењето, дозволувајќи играта да тече многу повеќе, со помалку слободни удари, картони и прекини. Немаше ВАР проверки и пенали во 31 натпревар на стартот што е импресивно.

Оваа сезона беа постигнати 121 гол во првите 40 мечеви што е просек од 3,025 по натпревар.

Во споредба со останатите највалитетни лиги, Премиер лигата имаше четири нерешени 0-0 во првите четири кола, додека Ла Лига имаше три.