Ријалити-ѕвездата, а сега и актерка, Брукс Нејдер, ги оставила сите без здив на годинашното доделување на Еми наградите во Лос Анџелес, каде што се појавила во мошне тесен црвен фустан кој совршено ја истакнал нејзината фигура. Повторно нејзините гради биле „во центарот на вниманието“.
Креацијата била особено впечатлива поради длабокото деколте, па Брукс дефинитивно не можела да помине незабележано на црвениот килим. Манекенката уште еднаш покажала зошто е меѓу позабележителните имиња на модната сцена.
На свечената церемонија пристигнала во друштво на својата сестра Сара Џејн Нејдер, која се решила за сосема поинаков, но подеднакво впечатлив изглед.


Сара Џејн се појавила во елегантен златен фустан, кој со својот крој и боја неодоливо потсетувал на самата статуетка на Еми наградите, нешто слично на фустанот на Селена Гомез.

Сестрите заедно го привлекле вниманието на фотографите, а нивната комбинација од црвен и златен фустан била една од позабележителните на црвениот килим.

Брукс во последно време сè почесто се појавува во светските медиуми, а речиси секогаш причина за тоа се нејзините провокативни модни изданија. Ниту овојпат не ги разочарала своите обожаватели…


И приватниот живот на фаталната Брукс е под лупа. По раскинувањето со Глеб Савченко, ја поврзуваа со бројни познати мажи, но таа сè уште не потврдила ниту една романтична врска.