Се омажила за 12 години постар маж поради пари: „Не сакав да работам“

Супермен

16/09/2026

14:45

823

Големина на фонт

а а а

Корисничката на ТикТок, Леа Гарсија, позната под корисничкото име „@leah_txreal“, објавила видео со наслов „Исповед на спонзоруша“ (Confession of a Gold Digger), во кое објасни зошто одлучила да се омажи за маж кој е 12 години постар од неа. Таа отворено признала дека „не сакала да мора да работи“. Видеото собра повеќе од 505.000 прегледи и речиси 3.000 коментари.

Леа, која на ТикТок ја следат повеќе од еден милион луѓе, рекла дека при изборот на партнер свесно сметала на својата младост и изглед и барала некој кој може да ѝ го овозможи животниот стил што го посакува.

„Се омажив за некој кој е постар од мене и кој ќе го цени тоа што сум многу помлада и убава, за никогаш да не морам да работам“, изјавила таа.

Леа признала дека некои нејзиниот пристап би можеле да го наречат „мажење поради пари“, односно однесување на „спонзоруша“, но таа претпочита да го нарекува „стратешко мажење“.

Финансиска сигурност во бракот

Потоа објаснила зошто смета дека бракот може да вклучува и еден вид финансиски надомест. Таа рекла дека ако жената го обезбедува она што таа го опишува како „придобивки од сопругата“, вклучувајќи бременост, грижа за домот и емоционално вложување, за возврат би требало да добие нешто.


„А под надомест мислам на тоа никогаш да не морам да работам и сè да ми биде платено. Искрено, едноставно верувам во тоа“, истакнала таа. Потоа дополнително го објаснила својот став, велејќи дека се омажила за својот сопруг поради пари и дека не смета оти жените треба да работат доколку имаат партнер кој може финансиски да ги издржува.

Поделени реакции на социјалните мрежи

Видеото предизвика бројни реакции, а корисниците во коментарите дискутираа за тоа дали во бракот треба да постојат финансиски очекувања и како гледаат на одлуката на Леа.

Една корисничка ја поддржа и напиша дека не гледа ништо лошо во нејзиниот начин на размислување.

„Мислам дека нема ништо лошо во тоа. Само напред, твојот маж е вистинскиот. Луѓето секогаш ќе мразат некого или ќе зборуваат за некого“, напиша таа.

Друга корисничка призна дека жали што и самата не се омажила поради пари.


„Не, но сериозно, во ваква економска ситуација би сакала да се омажев поради пари, но не, јас глупаво се заљубив“, напиша таа.

Од друга страна, еден маж коментирал дека нејзиниот брак повеќе звучи како финансиска трансакција отколку како љубовно партнерство.

„Тажно е што се чувствуваш така и што самата себеси се обезвреднуваш на тој начин. Дури иако сакаш да останеш дома, бракот е партнерство засновано на љубов, а ти правиш да звучи како финансиска трансакција“, напиша тој.

Дискусијата продолжи околу финансиската сигурност, традиционалните улоги во бракот и прашањето колкава улога треба да имаат парите при изборот на животен партнер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk