Манчестер Сити се наоѓа под голем притисок, критики од сите страни, а веројатно и пред ригорозна казна која ќе донесе многу промени на англиската фудбалска сцена.
Откако Премиер лигата ги потврди најавите дека премиерлигашот е прогласен за виновен за 114 обвинувања, стигна нов силен бран жестоки коментари на сметка на Сити и неговото раководство и барања за неколку вида казни за клубот.
Рој Кин и првично не го штедеше градскиот ривал на својот поранешен клуб, за по вчерашниот дуел меѓу Чешка и Англија, од студиото на „Ај-Ти-Ви“ повторно да распали по „граѓаните“.
– Знаете што? Сопствениците и директорите на Сити знаеле дека ќе повредат многу луѓе со своите постапки и продолжиле да ги прават.
– Ако бев фудбалер кој имал успеси во ваков период, сто проценти би ги фрлил тие медали во канта. Би се чувствувал измамено од својот клуб затоа што ова е класично мамење.
– Бесмислено е да кажете дека трофеите се освоени на терен, а клубот правел малверзации. Тоа е класична измама од сите, – рекол Кин.








