Германија отвори ново поглавје и тоа со Јирген Клоп како селектор што е една нова позиција за него затоа што досега работеше само само со клубови.
Ова е сериозен предизвик за Клоп поради повеќе причини, доведен е да испорача резултати, да ја врати Германија на победнички патеки, врвот на европскиот и светскиот фудбал, но прашање е со каков квалитет денеска располага државата која во минатото освојуваше европски и светски првенства.
Едно е јасно на Јирген ќе му биде потребно време и тоа го потврдија дуелите со Холандија и Грција каде беше освоен само еден бод и постигнат само еден гол.
Останува да се види во кој правец ќе се движи оваа приказна, а новиот селектор освен што е главен на теренот се најде во фокусот и поради една друга причина. Наводно тој им испратил е-пошта на неколку поранешни германски репрезентативци за да побара нивна поддршка за време на неговиот мандат. Ова му послужи на Тони Крос да му фати сеир на некогашниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд.
-И јас прочитав за тоа, но сè уште не сум добил ништо“, се пошегува победникот на Светското првенство во 2014 година.Можеби не заслужувам да бидам во репрезентацијата. Ќе му испратам порака на WhatsApp за да ме праша каде ми е е-поштата. Бев толку нетрпелив, но на крајот ништо не стигна. Се обложувам дека Кевин Гроскројц има добиено, -истакна Крос во еден поткаст.








