Мудрост е да го избереш она што вреди. И кога станува збор за нештата што носат моментална среќа и задоволство, но особено за тие што целосно го диктираат твоето секојдневие, твојата слобода, твоето задоволство. Во животот сите бараме добар избор што секогаш работи во наша полза, ни го олеснува патот, ни заштедува време и пари и ни дава чувство на сигурност.
Затоа мудроста е во изборот што го правиш секој ден. Да избереш банка која те разбира, поддржува, следи и ти отвора нови можности – тоа е вистинска мудрост.
Вистинскиот избор е кога сѐ ти е на дофат само со префрлање на твојата плата на сметка во банката. Префрлањето плата во Комерцијална банка не значи само сигурен потег, туку и избор на банка која те поддржува во твоето динамично секојдневие. Од самиот почеток, со можноста за онлајн аплицирање за платежна сметка, дебитна картичка и за активирање Интернет банка со електронската идентификација OneID, што значи уште поголема удобност и ефикасност.
Паметен избор е кога за помалку добиваш повеќе. Со избор на некој од КБ пакетите добиваш низа бесплатни производи и услуги - Visa или Mastercard дебитна картичка, известувања за приливи и одливи преку Интернет банка и мБанка, наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка, отворање траен налог...

Предност е кога твоите лични финансии се достапни 24/7 со најсовремени дигитални решенија. Со Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка имаш целосна контрола на сите твои банкарски производи од кое било место, напреден преглед за твоите приливи и одливи, можност да вршиш брзи плаќања и пренос на пари со налог, преку Плати на пријател или Подели сметка или да користиш напредни алатки за целосно онлајн банкарство. И сето тоа и за до 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер.
Чекор напред е да ја прифатиш технолошката трансформација - со глобалните платежни платформи Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, овозможени од Комерцијална банка, добиваш брзи, сигурни, бесплатни и бесконтактни плаќања во целиот свет. Со само неколку клика може да плаќаш безбедно и практично, без да ја вадиш картичката од паричникот – идеално за забрзаното секојдневие каде што секоја минута е важна.
Одлично е да имаш кредитни и депозитни производи по мерка на твоите потреби. Кога ти треба финансиска поддршка или сигурност за твојата заштеда, ќе добиеш кредитен производ каков што најмногу ти одговара, плус и со животно осигурување ако преферираш целосно безгрижни финансии. Можеш да избереш Онлајн кредит преку мБанка ако ти треба брзо и едноставно решение и без чекање. Со станбениот кредит може да го решиш едно од најважните прашања во животот – сопствениот дом со помали стартни трошоци. А, со кредитните картички добиваш бројни можности и бенефиции за поудобен живот и финансиска флексибилност во твоето секојдневие.
Вреден избор е да бидеш дел од семејство од над 300.000 задоволни клиенти, кои чекорат во својот живот и кариера потпирајќи се на сигурноста и иновативноста што им ја нуди банка со седум децении постоење.
Во свет кој постојано се менува, мудроста е твојата највредна алатка. А, ние сме тука да ја претвориме во твоја секојдневна предност.
















