Временската прогноза обично не е дел од телевизиската програма поради кој се зборува за модните комбинации на водителите или се разгледуваат нивните фотографии на социјалните мрежи. Но, во Италија, Ванеса Миноти успеала токму во тоа.
Оваа 30-годишна телевизиска водителка, радио-спикерка и манекенка привлекува големо внимание со своите појавувања пред камерите, а популарноста ја пренела и на социјалните мрежи, каде што ја следат голем број луѓе.
Ванеса е родена на 8 јули 1996 година во Монца, во близина на Милано. Дипломирала интерпретација и комуникација на Универзитетот ИУЛМ во Милано, а покрај мајчиниот италијански јазик, зборува и англиски и шпански.
Токму познавањето јазици станало една од нејзините предности во телевизиската кариера. Временската прогноза ја презентирала и на англиски и на шпански јазик, а во текот на кариерата се појавувала на италијански телевизиски канали како Раи2, Ла7 и Телеломбардија.
Но, телевизијата не е единствената област во која изградила кариера. Работела и како радио-водителка, односно спикерка, а се поврзува со познати италијански радиостаници како РТЛ 102.5, Радио Диџеј и Радио Кис Кис.
Голем дел од својата популарност Ванеса ја должи и на социјалните мрежи. На Инстаграм објавува фотографии од телевизиски снимања, патувања и настани, но и модни комбинации и кадри од модни фотосесии.
Токму спојот на телевизијата, модата и социјалните мрежи ја направи препознатливо лице и надвор од класичната временска прогноза.