[ФОТО/ВИДЕО] Дали би носеле ваков костум и чевли? Славниот актер повторно ги помести границите на машката мода - се појави во издание за кое долго ќе се зборува

Супермен

09/10/2026

11:04

705

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер предизвика огромен интерес со модната комбинација што ја покажа на премиерата на филмот „Wicker“, во рамките на Лондонскиот филмскиот фестивал БФИ.

Александер Скарсгорд има еден од најсмелите стилови на облекување меѓу светските актери, а сега повторно поставува нови модни трендови, заедно со престижните модни куќи чии креации ги носи.

Скарсгорд сега позирал во металик златен костум од модната куќа „Сен Лоран“. Кројот на костумот е едноставен, но бојата е исклучително впечатлива. На познатиот актер не му била потребна кошула, па костумот го носел директно на гола кожа.


Костумот го комбинирал, со чевли од „Сан Лоран“, од колекцијата за пролет/лето 2027 година. Станува збор за проѕирен модел кој го открива стапалото и исто толку впечатлив колку и самата облека.


Двата најнови и највпечатливи модни трендови, Скарсгорд совршено ги носи, самоуверено, а воедно и многу опуштено. Колку и да е впечатлива неговата модна комбинација, тој изгледа лежерно, бидејќи ваквиот стил на облекување е одраз на неговата личност и е целосно автентичен, а не само слепо следење на модата и желба по секоја цена да биде забележан.


Актерот обожава да експериментира со модата и по тоа е сличен на Бред Пит, но и на Џон Малкович, па тројцата ја сочинуваат групата на најоригинално облечени познати мажи.


На светската сцена нема многу личности кои можат да му парираат, а и голем број мажи кои не се дел од јавниот живот почесто избираат потрадиционален стил на облекување.


Инаку чевлите што ги носел Скарсгорд ќе бидат пуштени во продажба следната година. Цените на машките обувки од „Сан Лоран“ главно се движат од 900 до 1.500 евра, но ваквите екстравагантни модели често чинат и значително повеќе.


Стандардните машки костуми од оваа модна куќа чинат меѓу 3.500 и 5.000 евра, додека уникатните костуми со металик и златни нишки лесно достигнуваат цена од 6.000 до 10.000 евра.


Стилот на облекување на Скарсгорд може да се ископира и со многу попристапни парчиња облека и обувки. Важно е стилот да одговара на вашата личност, како што е случајот со познатиот актер, кој неодамна и во Париз воодушевил со својата впечатлива модна комбинација.


Инаку филмот „Wicker“ е заснован на краткиот расказ „The Wicker Husband“ на авторката Урсула Вилс-Џонс. Го режирале и адаптирале режисерскиот и брачен пар Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон. Прогласен е за една од најоригиналните и најбизарните комедии на годината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk