Албанската спортска новинарка и телевизиска водителка Франческа Рустем го привлече вниманието со фотографиите што ги објави на социјалните мрежи по натпреварот меѓу Албанија и Сан Марино во Лигата на нации.
За известувањето од фудбалскиот терен избрала краток црн фустан со тенки прерамки и големи изрези во пределот на струкот, како и високи потпетици, а на една од фотографиите позирала со микрофон во раката и со ногата потпрена на фудбалска топка.

„Вашата омилена спортска девојка, секогаш на задача“, напишала во описот.

Франческа има 21 година, родена е на 31 јануари 2005 година во албанскиот град Драч, а освен со новинарство и телевизиско водителство, се занимава и со манекенство. Моментално студира право, а на албанската јавност ѝ е позната по работата во спортските емисии „Procesi Sportiv“ и „Top Arena“.
Работела и во емисијата „KUQeZI“ на платформата „DigitAlb“, посветена на албанската фудбалска репрезентација и нејзиниот пат кон Светското првенство во 2026 година. Во таа емисија соработувала со поранешните фудбалери Реди Јупи и Ерос Грезда.
Рустем претходно се испробала и на избори за убавина, а во 2024 година ја носеше титулата Мис Универзум Албанија. Покрај телевизиската кариера, активна е и на социјалните мрежи, каде што објавува фотографии од снимања, спортски настани и од приватниот живот.
Работела и како членка на жирито на албанскиот телевизиски проект „She's on Top“, а се испробала и во радио-водителството. На „Top Albania Radio“ ја води емисијата „Përtej Topit“, во која разговара со спортисти, музичари и други познати личности.
За љубовниот живот на младата новинарка исто така се пишувало во медиумите. Во 2024 година ја поврзуваа со албанскиот пејач Бутринт Имери, но Франческа тогаш ги демантираше гласините и објасни дека се само пријатели. Открила и дека претходната врска ја прекинала бидејќи момчето ја изневерило.
На почетокот на 2026 година, унгарските медиуми почнаа да ја поврзуваат со фудбалерот на Ливерпул, Милош Керкез. Повод биле нивните меѓусебни реакции на Инстаграм, но ниту еден од нив не потврдил дека биле во врска.
Франческа е многу активна и на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 653 илјади луѓе. Таму редовно споделува фотографии од секојдневниот живот, од патувања и деловни ангажмани, но и ги покажува модните комбинации што ги избира за различни пригоди.
Посебно внимание кај следбениците привлекуваат и нејзините нешто попровокативни фотографии, меѓу кои и оние во костими за капење.






