Остров во Шкотска бара нов сопственик: Цената е 414.000 евра, а инфраструктура речиси и да нема

Супермен

13/10/2026

08:31

726

Големина на фонт

а а а

Шкотскиот остров Хилдасеј, со површина од околу 110 хектари е понуден на продажба за 350.000 фунти, односно приближно 414.000 евра.

Островот се наоѓа покрај западниот брег на Шетландските Острови, на северот на Шкотска, а до него може да се стигне исклучиво со брод, пренесе „Јуроњуз“. Идниот сопственик ќе мора да се откаже од дел од погодностите на современиот живот, меѓу кои и приклучокот на електричната мрежа и патната поврзаност.

Иако во текот на 19 век на островот живеела помала заедница, денес таму постојат само традиционална камена куќичка и мало пристаниште. Куќичката не е приклучена на електричната мрежа, а претходните сопственици користеле мала ветерна турбина и дизел-генератор за производство на електрична енергија.


Агентот за недвижности Келвин Андерсон, кој ја води продажбата, навел дека идниот купувач ќе мора самостојно да го реши прашањето за снабдување со електрична енергија. Објектот има дневна соба со печка на цврсто гориво, отворен простор за спиење на издигнато ниво и одделна бања со туш, мијалник и тоалет.


Купувачите кои би сакале да го прошират или модернизираат постојниот објект, претходно ќе мора да ги обезбедат градежните и другите законски пропишани дозволи. Меѓутоа и покрај недостигот на инфраструктура, островот нуди разгранет карпест брег, две слатководни езера и богат птичји свет, кој се менува во зависност од годишните времиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk