[ВИДЕО] Подводните камери на Антарктикот го снимија „прстот на смртта“ кој замрзнува сè пред себе: „Биологијата е фасцинантна“

Точка

13/10/2026

10:47

1.249

Големина на фонт

а а а

Под дебелиот мраз во морето околу Антарктикот, камерите снимија необичен феномен наречен „прст на смртта“.

Во ледените води, од ледена покривка што плови на површината, еден вид леден сталактит сличен на прст повремено се спушта кон морското дно, кој замрзнува сè што ќе допре.

Овој феномен на англиски се нарекува „brinicle“, а името е создадено со комбинирање на зборовите „brine“ (солена вода) и „icicle“ (леденик).

Овој феномен се јавува кога морската вода замрзнува на површината, каде што солта се одвојува од мразот. Така, под ледената покривка се формира екстремно ладна вода со висока концентрација на сол.

Таквата вода е погуста од околната морска вода, па затоа почнува да тоне на дното. Во исто време, околу неа се формира ледена цевка, која постепено се спушта кон морското дно.

Откако „прстот на смртта“ ќе го допре морското дно, може да продолжи да се шири по површината и да ги замрзнува сите организми на својот пат. Некои организми успеваат да избегаат, додека други остануваат заробени во мразот.

Како изгледа сето тоа е снимено од камерите на „BBC Earth“.


Видеото ја прикажува ледената формација како полека се спушта кон дното, додека морски ѕвезди и други организми се обидуваат да му се тргнат од патот.

Еден гледач го опишал „прстот на смртта“ како „најзлокобното парче мраз што некогаш сум го видел“.

Други се запрепастени од глетката на морски ѕвезди како се обидуваат да избегаат.

Некои, од друга страна, биле фасцинирани од овој феномен.

„Биологијата е фасцинантна“, напишал еден гледач, додека друг истакнал колку е тешко да се поверува дека таква глетка постои во природата.