За да се живее долг, квалитетен и здрав живот, се верува дека е потребно да се ужива во малку побавно темпо, дружење и движење, а одредени градови во Европа се издвојуваат по тоа. Меѓу нив - и неколку балкански!
Лесни прошетки, добра храна, дружење и помалку зафатен дневен ритам... Можеби овие едноставни навики ја кријат тајната на поквалитетен, поздрав живот што може да ја зголеми веројатноста дека ќе живеете подолго.
Компанијата „CV Villas“, која се занимава со изнајмување вили за одмор, неодамна спроведе истражување врз основа на кое се обиде да утврди кои градови во Европа се карактеризираат со живот поврзан со долговечност, а и неколку балкански градови се најдоа на оваа листа.

Оваа компанија рангираше околу 100 европски дестинации според критериуми инспирирани од истражувањето „Power 9“, за навиките на жителите на таканаречените сини зони, кое го проучуваше Ден Батнер.
При оценувањето, беа земени предвид можноста за планинарење, темпото на живот, достапноста на ресторани со веганска понуда, бројот на винарии, како и местата што поттикнуваат дружење и чувство на заедница. Секоја дестинација доби оценка на скала од нула до 100, а потоа градовите беа рангирани според нив.
„Од можности за планинарење и добра храна до чувство на заедница и побавно темпо на живот, на што многумина од нас не се навикнати, овие дестинации нудат сè што треба да обезбеди квалитетен и релаксирачки одмор“, изјавила Хана Маршал, маркетинг менаџер на „CV Villas“.
Таа додала дека, иако Европа има само две официјално признати сини зони, многу места на континентот негуваат сличен начин на живот.

Малта е на врвот на листата
Првото место го зазеде Валета, главниот град на Малта, која се издвои благодарение на своите улици погодни за пешачење и бројните места за собирање со храна и пијалаци. Таквата средина поттикнува секојдневно движење и дружење, кои се навики кои се поврзани со поздрав начин на живот.
На второ место се најде Паксос во Грција, остров познат по својата опуштена атмосфера, блиски односи меѓу жителите и природна средина која ве поканува да забавите. Третото место му припадна на францускиот Сен Тропе, додека четвртото е Егер во Унгарија, град кој комбинира историска архитектура, прошетки и култура на дружење со вино.
Меѓу високо рангираните дестинации се Мдина на Малта, Ибица во Шпанија, потоа Таормина и Лефкада, додека Будва го освои деветтото место и со тоа стана најдобро рангирана дестинација во регионот!

Комплетен список на европски дестинации за долговечност
✨Валета, Малта;
✨Паксос, Грција;
✨Сен Тропе, Франција;
✨Егер, Унгарија;
✨Мдина, Малта;
✨Ибица, Шпанија;
✨Таормина, Италија;
✨Лефкада, Грција;
✨Будва, Црна Гора;
✨Дингл, Ирска;

✨Несебар, Бугарија;
✨Бад Ишл, Австрија;
✨Пиран, Словенија;
✨Олесунд, Норвешка;
✨Сен Џулијан, Малта;
✨Гозо, Малта;
✨Ксамил, Албанија;
✨Левоча, Словачка;
✨Бордо, Франција;
✨Нови Сад, Србија.


















