Актерката Џенифер Лав Хјуит објави видео кое за кратко време стана популарно, а вниманието на јавноста го привлече со промената на имиџот.
Позната по својата долга, темна коса, Хјуит одлучи да направи драстична промена на имиџот. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и професионалниот живот, таа ја покажа својата неверојатна трансформација.

Како што може да се види, актерката објави видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции, а на кое таа ја пее песната „Lose You to Love Me“ на пејачката Селена Гомез.
Во описот на објавата таа објасни дека пеењето ѝ помага да се фокусира по долгиот работен ден поминат на снимање. За својот „соло настап“, актерката одлучила да облече палто од вештачко крзно, а особено внимание привлече нејзината коса.
Нејзините обожаватели беа пријатно изненадени од оваа промена, па во коментарите не штедеа пофалби за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ порачаа дека русата боја на коса совршено ѝ прилега, а вие во продолжение слушнете како Џенифер го отпеа познатиот хит на Селена Гомез.









