[ФОТО] Едно од најсексапилните изданија на Емили Ратајковски: Асиметрично деколте и длабок шлиц кој откри дека не носи долна облека

Точка

09/11/2026

07:19

1.339

Големина на фонт

а а а

Хуманитарната вечер во Музејот на уметност во Лос Анџелес беше одбележана со атрактивна, донекаде провокативна креација од Емили Ратајковски. Таа покажа повеќе отколку што треба...

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив се потрудија нивните модни изданија да останат запаметени до следната година. Откако моделот Роузи Хантингтон Вајтли го покажа својот гол задник, уште една убавица реши верно да ја следи.


Зборуваме за Емила Ратајковски, која за оваа свечена пригода речиси откри интимен дел од своето тело. И таа, исто како Роуз, ѝ се довери на модната куќа „Gucci“ и носеше макси долг бел сатенски фустан со асиметричен деколте.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откриваше дека моделот не носи гаќички, но и отворениот грб што го надополнуваше овој секси аутфит.


Сè во врска со овој стил беше ризично, но, за среќа, Емили е навикната на потенцијално опасни ситуации со модни комбинации.

Таа го заокружи изданието со дискретни додатоци, високи потпетици, но и со волуменозна фризура што ја нагласуваше нејзината природна убавина.