Актерката Ели Бамбер остави многумина без зборови бидејќи одлучила на премиерата на филмот „Ебенезер“ да се појави во впечатлива креација од тантела.
Премиерата на филмот „Ебенезер“ неодамна се одржа во Лондон, а на настанот присуствуваа бројни познати ѕвезди.
Гламурозните креации и елегантните модни комбинации го збогатија овој настан, но најголемо внимание привлече актерката Бамбер, која за оваа пригода одлучила да се појави во впечатлива модна комбинација.
Како што може да се забележи, таа носела тесно црно боди од тантела, со висока јака и длабоко V-деколте, кое го комбинирала со здолниште во бордо боја.

Може да се каже дека долниот дел од креацијата го привлече најголемото внимание на модните критичари, бидејќи се состои од повеќеслојни карнери, а завршува со долга опашка која на ова смело издание му дава дополнителна доза гламур.

Својот изглед го надополнила со дијамантски обетки и едноставна брановидна фризура.

Што се однесува до шминката, таа избрала нежни, земјени тонови кои ги истакнале нејзините сини очи.
Исто така актерката позирала со славниот Џони Деп на црвениот килим, а нивната заедничка фотографија за кратко време станала хит.
Погледнете и зошто:











