[ФОТО/ВИДЕО] Беше првиот ангел на „Викторијас Сикрет“, а потоа други ѝ го уништија животот: Денес изгледа сосема поинаку

Супермен

12/11/2026

19:02

757

Големина на фонт

а а а

Златната ера на манекенството „изроди“ бројни познати дами. Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Наоми Кембел и Линда Еванџелиста беа само дел од убавиците кои ги одбележаа модните ревии во 80-тите и 90-тите години. Сепак, пред нив постоела една дама која веќе имала успешна кариера.

Високата, русокоса Холанѓанка со нежни црти на лицето и аристократска убавина била муза на многу модни дизајнери, а на врвот на својата кариера соработувала со најголемите модни куќи. Станува збор за манекенката Карен Мулдер, која и ден-денес го привлекува вниманието на јавноста секогаш кога ќе се спомене нејзиното име.


Нејзината манекенска кариера била одбележана со бројни соработки со луксузни брендови, како што се „Диор“, „Шанел“ и „Ив Сен Лоран“, а познатиот моден магнат Џани Версаче лично дизајнирал фустани за неа.


Се појавила на повеќе од 700 насловни страници на познати модни списанија, а според пишувањата на британскиот таблоид „Дејли мејл“, била една од најплатените манекенки во текот на 90-тите години, кога се наоѓала на врвот на својата слава.


Сепак, низа несреќни настани ја одбележале нејзината кариера, поради што во 2000 година се повлекла од модната индустрија. За време на едно телевизиско гостување, таа изнела сериозни обвинувања за злоупотреба и манипулации во највисоките кругови на модната и политичката елита.


Обвинувањата предизвикале скандал во модната индустрија, но никогаш не биле предмет на судска постапка. Според медиумските извештаи, Карен била примена во психијатриската клиника „Вила Монсури“ во Париз.


Во 2002 година се обидела да си го одземе животот, по долгогодишна борба со депресијата.


Сепак, денес приказната е сосема поинаква, а Карен води помирен живот. Неодамна дала интервју за креаторот на содржини Дилан Кели, во кое зборувала за славните моменти од модната индустрија.


„Беше забавно. Трчавме од едно снимање на друго, а јас самата си ги средував косата и шминката“, изјавила таа и додала: „Не сакам да имам лошо мислење и негативни чувства кон луѓето. Денес сите се толку прекрасни и мило ми е што се вратив“, изјавила Карен, која годинава се појавила на насловната страница на германското издание на „Вог“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk