[ФОТО/ВИДЕО] Бјанка Ценсори доби конкуренција: Манекенка се појавила во провокативно издание во Париз

Точка

20/11/2026

20:24

1.151

Големина на фонт

а а а

На парискиот црвен килим повторно се разгоре дебатата за границите меѓу модата и голотијата, а овојпат во центарот на вниманието се најде Захија Дехар.

На доделувањето на наградите „GQ Men of the Year“ таа се појавила во издание што тешко може да помине незабележано – нејзиниот модна комбинација речиси целосно го откривала горниот дел од телото, додека остатокот од модното издание го сочинувало долго сатенско здолниште.

Нејзиниот моден избор е особено интересен поради сличноста со стилот што веќе со години го негува Бјанка Ценсори. Сопругата на Канје Вест стана позната по смелите модни комбинации што често ги поместуваат границите на вообичаеното облекување, а Захија со ова појавување предизвикала слични коментари.

Нејзиното модно издание предизвикало поделени мислења, но едно е сигурно – успеала да го привлече вниманието на настанот.

Зад нејзиното име се крие и прилично контроверзна приказна. Дехар е родена во 1992 година во Алжир, а пораснала во Франција.


На јавноста ѝ стана позната во 2010 година поради скандалот во кој француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема биле обвинети за платени сексуални односи со неа додека била малолетна. Судот во Париз ги ослободил од обвиненијата на 31 јануари 2014 година, со образложение дека не знаеле дека таа била малолетна.

Случајот предизвикал огромен интерес кај француските медиуми, а Захија се нашла во центарот на една од најследените јавни контроверзии во земјата.


Но, наместо да остане запаметена само по скандалот, таа постепено изградила кариера во модниот свет. Се испробала како манекенка, дизајнерка на долна облека и актерка, а нејзината работа го привлекла вниманието на познати имиња од модната индустрија, меѓу кои бил и Карл Лагерфелд.


Филмската публика ја освоила со улогата во филмот „An Easy Girl“ од 2019 година, кој бил прикажан во рамките на Канскиот филмски фестивал.


Денес Захија и понатаму се појавува на модни настани, а нејзиното последно модно издание покажа дека сè уште знае како да предизвика реакции.