„Fukushima: A Nuclear Nightmare“ – нов документарец за најголемата нуклеарна катастрофа во модерната историја

Документарецот детално ја реконструира речиси целосната хаварија на нуклеарната централа Фукушима, преку сведоштва на луѓе кои биле во самиот епицентар на кризата – инженери, спасувачи, новинари и жители кои го доживеале моментот кога, како што велат, „се чувствувало како крај на светот“. Филмот открива колку човештвото било блиску до уште поголема катастрофа и какви одлуки биле носени во услови на целосен хаос, страв и неизвесност.