Илјадници Рохингја муслимани поради насилство масовно ја напуштаат Бурма

ОН (Обединети Нации) деновиве изјавиле дека 123.000 луѓе, главно Рохингја муслимани, од 25 август па до сега ја напуштиле Бурма, поради насилство. Рохингја се муслиманско малцинство без државјанство кое живее во делови на непријателска и претежно будистичка Бурма. Официјални претставници на ОН велат дека нивните бегалски логори достигнаале полн капацитет, додека илјадници бегалци продолжуваат да преминуваат во Бангладеш.