Се сеќавате ли на заводникот од романтичната комедија со Џулија Робертс? Вака изгледа 27 години подоцна

Супермен

26/04/2024

12:52

5.121

Големина на фонт

а а а

Дермот Малруни беше еден од главните актери во хит филмот „My Best Friend's Wedding“ во кој глумеше со Џулија Робертс и Камерон Дијаз. Многу луѓе се прашуваат како изгледа актерот денес.

Тој не се појавува често во јавноста, а сега призна дека не работел дури година дена по хит филмот од 1997 година, за што го обвинил постерот на филмот.


„Чекав што сè ќе ми донесе глумата во популарен филм, а наместо тоа, веројатно не работев една година. Тоа го припишав на фактот што сум толку ситен на постерот, малечок на тортата. Си помислив: 'Боже, момци, да ме направевте малку поголем, можеби ќе можев да добијам работа'“, изјавил Малруни.


Актерот на крајот се врати со филмот „Goodbye Lover“ во 1999 година, глумејќи заедно со Патриша Аркет, Дон Џонсон, Елен Деџенерис и Мери-Луиз Паркер. Дермот ја продолжи кариерата во романтични комедии како „The Wedding Date“, „Must Love Dogs“, а минатата година можевме да го гледаме во „Anyone But You“ со Сидни Свини и Глен Пауел.


Токму тој повторно го спои со колешката Рејчел Грифитс од „My Best Friend's Wedding“. Филмот беше премиерно прикажан на 20-ти јуни 1997 година и се најде на второто место по продажбата на кино билети, веднаш зад „Batman & Robin“, заработувајќи 127 милиони долари во однос на буџетот од 38 милиони долари кој бил користен за неговото снимање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk