Крах на еден од најдобрите во светот: Беше отпуштен од клубот на денот на неговата венчавка, сега тренира со аматери

Супермен

26/04/2024

13:44

9.293

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот голман Давид де Хеа повеќе од една деценија важеше за еден од најдобрите светски голмани, но она низ кое поминува моментално сигурно не го замислувал ниту во најпесимистичките прогнози во кариерата.

Манчестер Јунајтед му врачи отказ на Де Хеа по 12 одлични години во клубот во кој тој не беше виновен за резултатските неуспеси, а во прилог на тоа оди и Златната ракавица што ја освои таму на крајот на неговиот мандат.


Тој доби отказ од Манчестер Јунајтед на датумот на неговата венчавка, кога од клубот му соопштија дека повеќе не сметаат на него. Тоа се случи во јуни минатата година, со што заврши 12-годишниот мандат на Олд Трафорд.

Разделбата со Манчестер Јунајтед не му годеше, а сè уште не пронајде клуб. Де Хеа сега отишол „чекор понатаму“ и бил снимен како тренира на скромните терени на аматерскиот клуб Алтринкам.


Станува збор за петтолигаш, кој официјално настапува во аматерската Национална лига, а тие му ги исполниле барањата и му дозволиле да тренира со нив за да се подготви и да се обиде да најде нов ангажман претстојното лето.

Поранешниот шпански репрезентативец (33) беше поврзуван со саудискиот Ал-Шабаб и Њукасл, но ниту еден трансфер не се реализираше. Сега шпанските медиуми го споменуваат неговото враќање во татковината во дресот на Бетис, но и за тоа ќе треба да се почека до лето.

Извесен период Де Хеа тренираше сам и се трудеше да ја одржува формата, а сега Алтринкам го прими на нивните тренинзи. Тимот, инаку, се бори за пласман во Лига 2 (четврт ранг на натпреварување), а во случај на победа во плеј-офот, тимот повеќе не би бил аматерски клуб, туку професионален клуб од следната сезона.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk