Морничави фотографии од напуштен трговски центар во Охајо кои изгледаат како сцени од хорор филм

Трговскиот центар “Rolling Acres Mall” се наоѓа во Акрон, Охајо, а е изграден во 1975 година. Во тоа време бил најголемиот трговски центар на светот, но рецесијата довела до негово затворање неколку децении подоцна. Внатрешноста на “Rolling Acres Mall” изгледа како место од пост-апокалиптичен филм, а истото е многу привлечно за фотографите ширум светот.