Том Брејди е спортистот на кој Новак Ѓоковиќ му се восхитува: На 46 години изгледа како да има 20, си легнува во 21 часот, а еве што јаде

Супермен

23/04/2024

15:00

6.204

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ доби Лауреус награда за најдобар спортист на годината и тоа по петти пат, а досега таа престижна награда ја освоил во 2012, 2015, 2016 и 2019 година.

Новак, кога излегол на сцена вака му се обратил на Том Брејди којшто му ја врачил наградата:

„Нереално е ти да ми ја предадеш наградата, ти си мојот спортски пријател, некој на кој јас се угледувам“, рекол Новак којшто никогаш не криел дека Том Брејди е спортски пример.

Низ годините, Новак вака зборувал за Том: „Научив многу од него, од неговиот пример и се надевам дека ќе може да остварам кариера до 40-тите, па дури и повеќе“.


Кој е Том Брејди?

Том Брејди е професионален играч на американски фудбал и еден од најдобрите спортисти на светот. Освен неверојатните спортски успеси, светот најмногу му се восхитува поради режимот на исхрана, но и начинот на живот.

Том смета дека „правилната исхрана“ е онаа која го алкализира телото и ги намалува воспалителните процеси. Алкалната храна го намалува pH, што помага во спречување низа болести, ја зголемува енергијата и спречува кршење на коските. Тој смета дека токму оваа храна го прави толку добар во спортот затоа што му ја дава потребната енергија.

Тој главно јаде органска, локална и растителна храна. Избегнува преработена храна. Утрото го започнува со половина литар вода со електролити, потоа овошно смути, а потоа вежба. После вежбањето пие вода и овошен сок.


Ручекот му е резервиран за риба со зеленчук. А попладневната ужина му е составена од овошје, протеински шејк, додека пак вечерата вклучува свеж зеленчук, а понекогаш и супа.

Брејди не пие алкохол, не јаде леб и тестенини, житарици, млеко, храна која содржи ГМО, трансмасти, шеќер, вештачки засладувачи, соја, индустриски сокови, џем, масло за готвење, брза храна, солени грицки, слатки, компир, кечап итн. Меѓутоа, списокот на забранета храна тука не завршува.


Спортистот има свој личен готвач, Ален Чембел којшто опишал како Том се храни:

„Без шеќер. Без брашно. Користам сирово маслиново масло, но не готвам на маслиново масло. Готвам само на кокосово масло. Користам хималајска, розова сол како натриум. Никогаш не користам јодирана сол. Не пие кафе. Не пие млеко. Дури не јаде одредено овошје и зеленчук. Брејди никогаш нема да изеде пиперка, домат...“.

Покрај исхраната Брејди сака правилен сон. Секоја вечер си легнува во 21 часот, избегнува забави и прослави до длабоко во ноќта. Станува околу 6 часот за да вежба и така секој ден. Ја обожува природата, па често целото семејство го води во пешачење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk