Индиски тинејџер го создаде најмалиот сателит на светот

Точка

18/05/2017

17:01

1.428

Големина на фонт

а а а

Со само 18 години, индискиот тинејџер Рифат Шаарук направи уред за кој се смета дека е најмалиот и најлесниот сателит на светот.

Прототипот Каламсат (наречен по претходниот индиски претседател Абдул Калам, пионер во аеронаутика) тежи 64 грама и е направен од 3D испринтани јаглеродни влакна. Во јуни ќе биде лансиран преку ракетата CiS SR-4, каде што ќе учествува во четиричасовната мисија на NASA. 

Каламсат се состои од мал компјутер и осум вградени сензори кои ја мерат брзината, ротацијата и магнетосферата на Земјата, и сето тоа за само 12 минути колку што ќе помине во микрогравитациското опркужување во вселената.


Шаарук го создал овој прототип во склоп на предизвикот "Cubes in Space" кој ги поттикнува децата и младите да осмислат нови уреди за истражување на вселената, а истиот е организиран од страна на компанијата idoodle, со поддршка од NASA и Colorado Space Grant Consortium.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk