Ѕвездата на „The Crown“ за аферата со 20 години помладата колешка: „Сопругата и јас сега се шегуваме за тоа“

Супермен

23/04/2024

12:04

5.130

Големина на фонт

а а а

Актерот Доминик Вест се осврнал на еден од најтешките периоди во животот на неговото семејство. Во интервју за „The Sunday Times“, Вест зборувал за тоа како тој и неговата сопруга, Кетрин Фицџералд, се справиле со медиумската бура која настана откако тој беше фотографиран како се бакнува со својата колешка Лили Џејмс во 2020 година.

„Се двоумам да зборувам во име на мојата сопруга, бидејќи очигледно беше ужасно, особено за неа“, изјавил Вест на прашањето дали има нешто добро во неговиот „момент на срам“. „Но, понекогаш се шегуваме за тоа“, додал тој. Актерот се присетил дека двајцата пронашле хумор во новинските извештаи кои го следеле секој нивен чекор, велејќи дека „покажувале заедништво“ секогаш кога ќе излезат надвор.


„Тоа беше многу стресно за мојата сопруга и моите деца, но имаше и полесни моменти. Тоа беше најдоброто нешто што произлезе од тоа, навистина“, вели актерот.

Доминик и Кетрин беа 10 години во брак во времето кога тој беше забележан во Рим како се бакнува со Џејмс, неговата колешка од минисеријата на „BBC“, „The Pursuit of Love“, а „Daily Mail“ дури објави дека Вест не го носел својот венчален прстен кога бил фотографиран.


Лили Џејмс одби јавно да зборува за инцидентот

Неколку дена по објавувањето на фотографиите, Вест и Фицџералд, кои заедно имаат 3 деца, јавно го покажаа своето заедништво позирајќи пред новинарите и бакнувајќи се пред нивниот дом во Лондон. Тие на папараците им врачија и потпишана и рачно напишана белешка на која пишуваше: „Нашиот брак е силен и сè уште сме многу заедно. Ви благодариме“.

Џејмс, пак, одби јавно да зборува за инцидентот кога новинарите ја прашаа за тоа. „Ах, навистина не сакам да зборувам за тоа. Има многу да се каже, но не сега, се плашам“, изјави таа за „The Guardian“ во 2021 година.


Во своето ново интервју за „The Sunday Times“, 54-годишниот актер, кој го играше принцот Чарлс за време на неговиот развод од принцезата Дајана во серијата „The Crown“, исто така призна дека неговото искуство со тоа да се најде во центарот на скандал му дало „многу добро разбирање низ она низ кое поминал Чарлс“.

„Постои тој ужасен, леден момент кога нешто се открива за вас. Мислам дека секој може да разбере какво е тоа чувство. Тоа чувство на страв не е нешто на што сте навикнати“, вели Вест.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk