Cosmos – јахта за неизмерно уживање

Точка

17/06/2017

13:14

1.656

Големина на фонт

а а а

Реномираното холандско бродоградилиште Oceanco во партнерство со дизајнерот на јахти од Мајами, Луиз ДеБасто ги здружиле своите сили во креирање на овој неверојатен брод.

Станува збор за јахтата Cosmos, која е долга 90 метри и има голема количина на стаклени површини во својот ентериер и екстериер. Опсервационата ложа на горната палуба нуди идеален поглед кон моќниот океан или море и истата е направена во куполеста форма од стакло која го одзема здивот. 


Импресивната куполеста структура нуди единствен начин на уживање во погледот на море. Стаклените панели имаат УВ заштита, и тие можат да бидат замаглени или обоени во зависност од Вашето расположение или потреба.


Во внатрешноста на Sky Deck куполата има флексибилен простор во кој патниците можат да уживаат под ѕвезденото небо, во комфор на сосема затворен луксузен простор. Исто така, оваа јахта нуди бројни простории за дружење кои ќе го направат патувањето уште поинтересно.


Удобна и пространа, како и луксузна во секој поглед, Oceanco Cosmos суперјахтата е креирана да го воодушеви секој оној ќе ја забележи на прв поглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk