Импресивно: Британец во својата гаража има 350 олдтајмери

Точка

29/08/2017

10:31

2.659

Големина на фонт

а а а

Во текот на последните 50 години, Роџер Дадлинг создал колекција од класични автомобили вредни 40 милиони фунти, од кои настариот автомобил датира од 1911. година.

Човекот кој во својата гаража поседува толку автомобили, редовно ги чисти и одржува во возна состојба, а повремено ги вози низ својот крај. 

Помеѓу класичните возила има обични, просечни автомобили за секојдневно возење, но и голем број на спортски олдтајмери, луксузни лимузини па дури и мотоцикли. Посебна страст негува кон моделот Aston Martin Lagonda – во својата гаража чува дури 24 примероци.

Автомобилите моментално се наоѓаат во тесен простор, но Роџер планира да изгради специјален изложбен објект, вреден 7 милиони фунти.

Имено, Роџер Дадлинг до богатството кое го троши на купување на автомобили дошол така што конструирал автомати со ливчиња за реден број кои се наоѓаат во супермаркетите, чекалните и другите места каде што е потребно да се воспостави редослед на услужување на клиенти.

Погледнете ја кратката приказна за овој посветен колекционер и љубител на автомобили:


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk