Новиот БМВ М5 со 600 коњски сили дебитираше во Франкфурт

Точка

12/09/2017

18:08

944

Големина на фонт

а а а

Новиот М5 кој под хаубата има 4,4-литарски М TwinPower Turbo V8 мотор со моќ од 600 коњски сили, дебитираше на саемот за автомобили во Франкфурт, Германија.

Секако, кога еден автомобил има ваков погон, перформансите се импресивни. Од 0 до 100 километри на час новиот БМВ М5 забрзува за само 3,4 секунди, додека за забрзување до 200 километри на час му се потребни 11,1 секунда.

Автомобилот стандардно се испорачува со електронски ограничена брзина на 250 километри на час, но лимитот може да се подигне на 305 километри на час доколку купувачот порача возило со опционен М Driver пакет.


Најголемата новост кај новиот М5 на БМВ е xDrive погонот на сите четири тркала. Овој систем е поврзан со активен М диференцијал кој што му нуди неколку можности на возачот, вклучувајќи ја и опцијата за традиционалниот погон на задните тркала.

Што се однесува до каросеријата, хаубата е изработена од алуминиум, а покривот од пластка зајакната со јаглеородни влакна. Благодарение на овие, но и другите конструктивни решенија, автомобилот е полесен, односно вкупната тежина и покрај xDrive системот за погон на сите четири тркала изнесува 1,855 килограми.


Новиот М5 кој што е изложен на саемот за автомобили во Франкфурт ќе може да се нарача во Германија веќе во текот на овој месец по почетна цена од 117,900 евра, додека првите испораки ќе започнат на пролет идната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг