Есенски парчиња облека кои ви се најпотребни во претстојниот период

Точка

13/09/2017

14:45

1.103

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на новата сезона, се појавуваат и нови трендови, но секогаш постојат оние есенцијални парчиња облека кои му се потребни на секој машки гардеробер.

Ваквите парчиња облека се одлични за секоја комбинација и прилика, а покрај тоа, тие се и практични, со што се спојува убавото и корисното. 

Дождовен мантил

Она што му е потребно на секој маж оваа есен е секако мантилот со должина над колената, кој е најпотребен во дождливите и свежи денови. Ваквите мантили се совршени во комбинација со деловен изглед, но исто така тие прилегаат и во други прилики, од оние секојдневни па сè до вечерни и поелегантни.


Чизми

Кога сме веќе кај дождливите сезони, чизмите се на врвот од листата на парчиња кои мора да ги поседувате. Одберете удобен и практичен модел кој ќе одговара со поелегантен стил, но и со кежуал комбинации.


Чино панталони

Едно од омилените парчиња облека во машките ормари се секако панталоните, кои можат да се искористат во навистина огромен број на ситуации. Со кошула и сако како дел од деловниот изглед, со маичка и патики како дел од кежуал стилот кој не е сосема спортски, со чизми, опуштени јакни, капути... можностите се бесконечни за само едно парче облека кое е најпосакувано и најнеопходно во секоја прилика.


Фланелска кошула

Веќе неколку сезони наназад, фланелските кошули се тренд кој тешко се заобиколува. Независно од стилот кој го негувате и кој е својствен за вас, ваквиот модел на кошула секогаш можете да го искористите како одличен моден детаљ. Освен тоа, фланелската кошула е топла, но лесна за носење, што ја прави совршена за есенскиот период.


Кожна јакна

Кожната јакна не е парче кое е тренд, актуелност или стил, туку парче кое е апсолутно безвременско и оригинално. Веќе е јасно зошто треба да поседувате барем една кожна јакна во вашиот ормар.



Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk