Неизбежна вежба: Пет причини поради кои треба да правите клекнувања

Точка

10/10/2017

16:26

1.433

Големина на фонт

а а а

Клекнувањата спаѓаат во едни од оние вежби кои секогаш се оставаат за крај и кои се прават без голема желба.

Признаваме – клекнувањата знаат да бидат здодевни и морате добро да се “помачите” со цел да видите некакви резултати, но верувајте дека ова е навистина неизбежна вежба. 

Доколку сакате да го развиете и зајакнете вашето тело за кратко време и да постигнете врвни резултати, тогаш клекнувањата мораат да бидат дел од вашата секојдневна рутина.

Еве и зошто:

Клекнувањата го зголемуваат лачењето на хормоните

Со тоа што клекнувањата активираат голем број на мускули, тие го поттикнуваат лачењето на тестостерон и хормонот за раст, што е од голема корист за секој маж кој сака да го промени својот физички изглед.


Клекнувањата ја зголемуваат јачината на целото тело

Бидејќи оваа вежба активира голем број на мускули, вашето тело добива поголема сила и издржливост. Клекнувањата можат да ги активираат и стомачните мускули доколку правите различни варијации од оваа вежба.

Клекнувањата ја зголемуваат флексибилноста

Доколку ги правите редовно, ќе забележите дека сте пофлексибилни и посилни, а со самото тоа ќе се чувствувате многу подобро и поубаво.


Најдобра вежба за долниот дел од телото

Иако има многу вежби кои влијаат на вашите нозе и долниот дел од телото, клекнувањата се дефинитивно ултимативна вежба која остава најдобри резултати.

Клекнувањата го зголемуваат вашиот вертикален скок

Доколку се занимавате со спорт кој од вас бара висок скок, тогаш клекнувањата се неизбежната вежба за вас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk