2 во 1: Малиот мобилен телефон Chilli е воедно и фиџет спинер

Точка

12/10/2017

11:09

422

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните играчки во оваа година е дефинитивно фиџет спинерот, а сега на пазарот се појави и мобилен телефон во истиот облик.

Малиот мобилен телефон на компанијата „Chilli International“ од Хонгконг има 1,4-инчен екран, а достапен е во 6 бои. Интерната меморија изнесува 32 мегабајти, а има можност да се прошири до 8 гигабајти со помош на SD картичка. 

Станува збор за едноставен мобилен телефон без апликации, но со интернет пребарувач и Bluetooth опција.

Цената на телефонот изнесува 20 долари и моментално се продава само во Индија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk