Тренинг за цврсти и моќни бицепси: Погледнете како изгледа еден тренинг на Бојка

Точка

12/10/2017

14:37

3.674

Големина на фонт

а а а

Скот Адкинс е британски инструктор по боречки вештини, а неодамна тој ја започна и својата холивудска кариера. Покрај тоа што се појавува во филмовите “Undisputed”, тој е одговорен и за боречките кореографии на другите познати филмови, како што е франшизата “X-Men”.

Иако глумел во многубројни филмови, Скот Адкинс ја стекнал својата светска слава со улогата на Јури Бојка во филмската франшиза “Undisputed”. Ликот на Бојка станал светска икона како и синоним за боречки вештини и тренинг. Поради тоа, Скот одлучил своите вежби да ги сподели со бројните фанови и да им покаже како изгледаат неговите тренинзи. 


Овој пат ќе ви го прикажеме неговиот тренинг за бицепс. Со цел да постигне мускулест и масивен изглед, Адкинс се фокусира на своите раце, па затоа вежбите за трицепс и бицепс се неизбежни. Иако ги прави сите вежби за бицепс, омилената вежба му е подигнување на тегови во стоечка положба.

Погледнете како изгледа неговиот тренинг:


Спонозорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk