ЗА НЕГО: Бидете најдобрата 'Баба Мразица' и изненадете го со интересен подарок

Точка

22/12/2017

12:45

14.885

Големина на фонт

а а а

Новогодишните и Божиќните празници се едни од најубавите прилики за ги разгалиме нашите најмили и да им подариме нешто. Истовремено, овој период може да биде и збунувачки и вистински предизвик кога станува збор за подарувањето.

Секому му се случило да нема идеја што да подари. Секогаш имаме личност која изгледа како ништо да не и недостасува или веќе сме и го подариле тоа што повторно ни паѓа на ум. Не би било изненадувачки да кажеме дека изборот ни станува особено тежок кога треба да му подариме нешто на нашиот партнер. Затоа ние решивме да ви дадеме неколку идеи и да ви ги олесниме овие празнични, слатки маки.

1. Ајфон и бежични слушалки, слика и прилика за совршен подарок

Живееме во време во кое телефонот ни е неопходна алатка за преживување. Тој е дел од нашето секојдневие и слободно можеме да кажеме дека поголемиот дел од нашиот живот, разговорите со пријателите, нашите фотографии, распореди, потсетници и извор на информации се собрани во тој мал уред. ,,iSTYLE’’ се тука да ни го понудат најдоброто кога станува збор за мобилна телефонија. ,,iPhone’’ е лидер кога станува збор за сите перформанси кои може да ги понуди еден телефон. 

Доколку тој е вљубеник во музиката, тука се и бежичните слушалки ,,AirPods’’ , решение на сите проблеми со кои се соочуваат оние кои не можат да си го замислат тренингот во теретана, трчањето на кеј или движењето низ градот без музика. Без заплеткување, со автоматско поврзување, овие ,,паметни’’ слушалки чувствуваат кога ги вадите од уво и сами уклучуваат пауза. Зарем има нешто подобро од овој подарок од музиката? За овие Новогодишни празници посетете ги ,,iSTYLE’’ и израдувајте го со подарок на кој ниеден човек не може да одолее. 

2. Андроид ТВ пакет од АМЦ

Живееме во „SMART“ ерата на технологијата и повеќе не замислуваме да купиме телевизори кои не се „SMART“. Но што правиме со илјадниците телевизори, купени минатата година или таа пред неа? За сите оние кои имаат дома убав телевизор кој не е ,,SMART’’, наша препорака е ,,ANDROID TV BOX’’.


Мала убава, стилизирана кутија која е моќна колку еден компјутер со која телевизорот ќе стане попаметен од SMART телевизор. Ќе сурфате на интернет, на Facebook, на Twitter. Ќе играте и инсталирате игри од Google Play, со еден клик, АМЦ ни го нуди ,,KODI’’ (апликација за стримување на филмски, спортски и тв канали) кај што ќе ја погледнете најновата омилена серија, фудбалот или бокс мечот кој може ги нема на друг канал. Оперативниот систем е Android 7.0, стримуваат во Full HD/4K зависи од интернет конекцијата, сликата е беспрекорна и моќна. ,,KODI’’ е вистинскиот подарок за него.

3. 'Armarium', персонализиран подарок


Бесценето е да се види радоста на лицата на нашите најблиски кога во рацете држат прекрасен подарок од ,,Armarium’’. Бескрајните можности за избор на шал, кошула или друг аксесоар, со можност да за персонализирање на истите, се идеалниот подарок за претстојните празници. Во потрагата по совршени новогодишни подароци, без губење на време, ,,Armarium’’ ќе се погрижи за идеалниот подарок да биде прекрасно спакуван и доставен до личноста која сакате да ја израдувате.

Доколку не сте сигурни во изборот, едноставно подарете ,,Armarium’’ вредносен ваучер.

4. Диас ,,Gift Box’’


Во овој динамичен свет, понекогаш забораваме да им покажеме на саканите колку ни значат. Диас и нивната супер кампања ,,Покажи дека ти значи. Подари внимание.’’ ни ги нудат нивните ексклузивни производи како совршен подарок за него. Диас ,,Gift Boxes’’ содржат елегантни манжетни, кожно новчаниче за картици, привезок, кожна кутија за пенкало, пенкало и марамче. Притоа, имате можност да ги персонализирате дел од производите и со тоа да им дадете личен белег. Изгравирајте ги неговите иницијали, презиме, омилен број, знак и сл. Комплетите на ,,Диас’’ кои се одбрани со многу љубов и внимание се совршен подарок за секој урбан маж на кој му значат фините детаљи. ,,Диас’’ Ви дава можност да изненадите некого и со ваучери од: 3.000 МКД, 6.000 МКД и 9.000 МКД.

5. Козметика за нега на неговата брада

Се повеќе забележуваме мажи со бради и овој тренд се негува веќе неколку години кај нас. На брадата, како и на кожата и косата, и е потребна нега и оджување. ,,ДМ дрогериите’’ ги имаат вистинските производи кои се потребни за неговото лице да изгледа совршено. ,,Balea Men’’ сетот за нега на брада кој соджи: пена за миење лице 150 мл., масло за брада 50 мл. и крема за брада и коса 100 мл. е одличен подарок за него.


Новогодишната еуфорија во ,,ДМ дрогериите’’ е веќе започната, сега покрај овој прекрасен подарок за него, таму може да го купите и омилениот парфем со попуст до -50%, подарок сетови со попуст до -35% како и шминката која по повод Новогодишните празници е со намаление до -25%. Подарок ваучер со вредност од 500МКД и 1000МКД е уште еден прекрасен начин да израдувате некого за Новогодишните празници.

6. Безвременски капут од Макпримат


Без разлика дали преферира спортски или елегантен стил, во зимската гардероба на секој маж, секогаш има простор за капут. Идеален и безвременски зимски подарок за кој можете да бидете сигурни дека секој маж ќе го воодушеви. Класичните темни бои се секогаш во мода, а оваа зима капутите во камел боја се “Must Have” за секој софистициран маж. Во новата колекција на Макпримат може да најдете модел и боја за сечиј вкус. Предложуваме да ги посетите во ГТЦ - Скопје и да го одберете идеалниот подарок за Вашите најблиски.

7. Очила за сонце, за софистициран маж

Прославувајќи ја 100 годишнината од своето постоење, ,,Persol’’ претставува исконски бренд во светот на сончевите очила. Со своето евокативно име, што значи ,,за сонце", ,,Persol’’ е олицитворение на извонредност и перфектна рачна изработка, совршена алхемија на естетиката и технологијата. Неодоливата привлечност на безвременскиот дизајн и уметничкиот квалитет го прави брендот еден од омилените во светот.


Ние го издвојуваме нашиот фаворит како совршен подарок за него. ,,Prima optics’’ Ви нуди голем асортиман на високо квалитетни и модерни очила, наменети за модерни мажи со изострен вкус. Во периодот до Нова година, Вашите омилени очила може да ги најдете со намалени цени од -50%.

8. Нутрибулет од Топ Шоп

Ова ново откритие на полето на исхраната, не е ниту блендер, ниту соковник. Овој екстрактор на хранливи состојки несомнено ќе ги унапреди нутритивните практики на амбициозните и енергични момци кои голем дел од својот ден го поминуваат во вежбање и во осмислување на својот режим на исхрана. So ,,Nutribullet Rx’’ на едноставен начин ќе ги искористите сите хранливи вредности скриени во намирниците, како фитосостојките во семките на пример, за кои е потребно да се разградат за да имаат ефект за организмот. 


,,Nutribullet Rx’’ има моќен 600W мотор, што двои, крши, меле во прав, дроби и издвојува сè што содржат намирниците. Она што на крај го добивате е мазен, вкусен и освежителен пијалок или фина, кремаста супа за дневна доза на витамини и минерали што го зајакнуваат имуниот систем, особено кога вежбате со поголем интензитет и го давате максимумот. Кликнете ТУКА и нарачајте го за него!

9. Неопходни модни парчиња од Тудорс

Елеганцијата никогаш не излегува од мода. Кошулата, елегантните манжетни, новчаникот и ременот се парчиња кои се неопходни во ормарот на секој урбан и модерен маж. Доколку имате таква личност во животот на која сакате да и подарите нешто од овие парчиња или комплет кој ги содржи истите, ние ќе Ви ги предложиме ,,Тудорс’’.


,,Тудорс’’ и за овие Новогодишни празници не изненадува со преубавите ,,Gift Boxes’’ со внимателно одбрани производи со висок квалитет и модерен изглед. ,,Тудорс’’ е вистинското место кое треба да го посетите доколку сакате да го израдувате и изненадите секој софистициран маж кој знае да препознае квалитет. Подарете елеганција, подарете среќа за Новата година.

10. Подарете топлина со јакните од ,,PROSPORT’’

Празниците се наближуваат, со тоа и зимските одмори и слободните денови кои многу од нас ќе ги искористат за да заминат некаде на планина, подалеку од градскиот метеж, а поблизу до чистиот воздух. Љубителите на скијањето ќе можат да уживаат и празничните денови да ги поминат во практикување на овој спорт.


Овој период е совршен за да подарите јакна, пригодна и за оние кои скијаат, а и за оние кои едноставно сакаат да бидат заштитени од студот и сакаат да уживаат во снежните денови. ,,The North Face’’ јакните се наш предлог како прекрасен подарок за овие студени денови, а истите може да ги најдете во ,,PROSPORT’’ и воедно да го погледнете широкиот асортиман на зимска опрема која ја нудат. Подарете топлина од ,,PROSPORT’’.

* комерцијална објава


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk