Проблеми со батеријата: Евакуирана продавница на Apple во Цирих

Точка

11/01/2018

16:13

806

Големина на фонт

а а а

Батеријата на еден iPhone уред експлодирала во продавница на Apple во Цирих, пренесуваат светските медиуми.

Продавницата била веднаш евакуирана, а околу педесетина луѓе се нашле на улицата “Bahnhofstrasse” – една од најскапите шопинг авении во светот. 


Ова е уште еден од низата проблеми кои ја пратат компанијата Apple во последно време, а неволјите со батериите се појавија уште кон почетокот на октомври.

Неколку дена по продажбата на iPhone 8 Plus, двајца купувачи од Азија ги споделиле своите проблеми на социјалните мрежи и се пожалиле на чудни околности поради кои останале без своите уреди. Експертите во таа прилика претпоставиле дека оштетувањето на уредите настанало поради зголемувањето на батериите и додале дека ваквиот проблем не ја загрозува безбедноста на корисниците.


Дека експертите не биле во право покажува и случајот со батеријата во Цирих во кој еден од вработените завршил со помали изгореници и предизвикал потенцијално труење кај оние кои го вдишале чадот.

Експертите од форензичарскиот институт во Цирих ги испитуваат причините кои довеле до претераното загревање на батеријата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk