Закерберг најави промени по кои Фејсбук повеќе нема да биде ист

Точка

12/01/2018

11:29

520

Големина на фонт

а а а

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг најави голема промена на популарната социјална мрежа. Промената ќе се однесува на главниот “News Feed” и објавите кои ќе се прикажуваат таму.

Имено, Закерберг одлучи да направи алгоритам кој најпрво ќе ги поставува објавите на пријателите и семејството на “News Feed”, како и друга “значајна содржина”, пишува британскиот “Guardian”. 


Фејсбук наскоро ќе ја намали количината на видео-снимки, фотографии и објави на компании и страници кои Марк ги означува како “јавна содржина”. Сето ова ќе биде во корист на зголемениот однос помеѓу корисникот и неговите пријатели и семејство.


“Балансот на она што се прикажува на “News Feed” се промени од најбитните работи кои Фејсбук може да ги направи, а тоа е меѓусебно да нè поврзе. Чувствуваме одговорност користењето на нашите сервиси и услуги да не биде само забавно, туку и добро за луѓето – напишал Закерберг во објавата во која открива дека наскоро пристигнува голема промена.

Оваа промена жестоко ќе влијае врз медиумите кои ги прилагодиле своите стратегии да зависат од објавите на Фејсбук. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk