Глумиците во војна: Со една објава Ким Катрал конечно ја замолчи својата колешка Сара Џесика Паркер

Точка

12/02/2018

18:07

5.446

Големина на фонт

а а а

Последните неколку денови Ким Катрал преживува тешки моменти поради семејна трагедија, односно смртта на нејзиниот брат Крис. Покрај оваа трагедија, таа последните неколку седмици беше во центарот на вниманието поради скандалите со нејзината колешка Сара Џесика Паркер, а уште повеќе откако Сара се сочувствуваше со нејзината загуба. Странските медиуми постојано пишуваат за нивното ривалство.

За нив познато е дека не се во добри односи и дека токму поради нив нема да има трето продолжение на филмот "Сексот и Градот". Но, нивното несогласување особено дојде на виделина оваа година, кога Сара Џесика Паркер сакаше да 4 - те пријателки повторно да се обединат. 


На Инстаграм, Ким јавно ѝ се спротивстави на Сара Џесика Паркер, која претходните денови ѝ пружи поддршка поради тешките моменти низ кои минува.

Иако Ким не реагирала на ниту една објава, сепак Сара доби неочекувана реакција. "Не ми е потребна твојата љубов и поддршка за овој трагичен настан", напиша Ким.


Ким исто така образложи зошто реагирала така: "Мајка ми ме запраша: "Кога Сара Џесика Паркер, тој лицемер, ќе не остави на мира?" Твоето континуирано пишување, за нас е болен потсетник за тоа колку си била злобна, тогаш и сега. Да ти ги објаснам работите: Ти не си мое семејство, ниту си ми пријател. Поради тоа ти пишувам за последен пат да престанеш да ја експлоатираш нашата трагедија за да покажеш колку "добра личност" си ти", напишала Ким.





Спонзорирани линкови

Маркетинг